Незбиднини
Автор: Јулија Крстевска
Година на издавање: 1996
Ода на одминливоста и непостојаноста на човечката природа. Крстевска низ сите 30 песни не поканува да уживаме во секојдневието, да го впиеме обичниот разговор до последната капка затоа што тој како и сите обични задоволства и случки ќе одминат за никогаш повеќе да не се вратат. Токму затоа не потсетува Крстевска, дека залудно е во болка да се венее и во процут да се капе; животот е скапоцен здив кој колку поблагородно се троши, толку поголем станува.