Ај погоди
Автор: Васил Мукаетов
Година на издавање: 2011
Пишуваме, стихуваме, допишуваме. Книгава ја правиме заедно со вас – децата читатели. Ова се песни дополнувалки. Книгава е заедничка – јас ја напишав, вие ќе ја завршите. Ќе ги дополните одговорите, ќе ги допишете и ќе ги придружите на насловите. И секој автор ќе си се потпише на својата книга. На работа! Требаат само моливче наострено и размислување. Без брзање молам. А може во оваа работа да ви помогнат и родителите, па и роднините, во тоа нема лутење. И еве ја нашата поетска збирка, сместени во кориците на „Ај погоди“. Се разбравме ли? Ете зошто во поднасловот запишавме: „пишуваме, стихуваме, допишуваме“. Тука е и содржината. Таму се и одговорите, на прочитаните песнички – гатанки. Колку да се провериме. Ѕирни ако затреба, ама јас не верувам. Вие лесно ќе ги завршите песничките. Пријатно!