Изгубени Германци
Автор: Дејан Дуковски
Година на издавање: 2011
За разлика од речиси сите претходни драми на Дејан Дуковски, ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ е првата чијшто контекст не е „целосен“ конструкт на авторовата имагинација fiction, туку е конституиран околу една необична, навидум бизарна, ама и сосема автентична, вистинита анегдота од крајот на Втората светска војна. Историската проверливост − документарност faction − на таа анегдота директно сведочел и ја потврдил авторовиот дедо Ристо Дуковски, кому драмата симболички му е посветена. Драмската структура на ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ, оттука, и се разликува од структурите „типични“ за драматургијата на Дуковски. Таа разлика јасно се гледа − меѓу другото − и по многубројните фактицитети што авторот, намерно, ги вградува во драмскиот корпус: не само во неговите реплики, туку и во многубројните дидаскалии. Имено, драмата „врие“ од автентични, реални, вистинити, историски проверливи податоци кои реферираат на некои вистински луѓе и на реални настани. Оваа постапка, инаку нетипична за драматиката на Дуковски, докажува колку на авторот, овој пат, му било важно да го „долови“ таканаречениот zeitgeist духот на времето. За истата или слична идентификација со „духот на времето“ да му се овозможи и на читателот/гледачот, проценив, во договор со Дуковски, дека е важно некои од референците што се однесуваат на најсигнификантните личности или настани важни за развојот на драмското дејствие да бидат дополнително коментирани. Токму затоа, драмата ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ мораше да биде „дополнувана“ со низа „појаснувачки“ фусноти. Ј. Л.