Пинокио
Автор: Карло Колоди
Година на издавање: 1881
Приказната и немирниот дух на Пинокио предизвикуваат интерес кај децата повеќе од сто години. Овој лик, истовремено и дете и кукла, со аура на фасцинантност, кој подоцна станува вистинско дете, е познат во повеќе култури во светот менувајќи се од една во друга форма на изразување без да ја загуби специфичноста што го прави препознатлив и омилен во очите на децата како и на некогашните деца. Неговата трајна моќ на фасцинација е докажана во културното наследство изградено во период од повеќе од 40 години во Националната фондација „Карло Колоди“, која е формирана да ги промовира делата на Карло Лоренцини-Колоди. Книгата „Авантурите на Пинокио“ до смртта на авторот во 1890 година доживеа пет изданија. Од тој момент па наваму, сè поголемата популарност на Пинокио на главните пазари на детски книги беше причина ова дело да стане светска класика.