Раѓање пена
Автор: Оливија Георгиевска
Година на издавање: 1993
Книгава е напишана во еден период од мојот живот кога умот го ранев со свежа поезија и фантастична проза.. кога буквално лакомо гнетев секакви книги - како пирана, до самата срж и коска, а плачев кога доаѓаа последните страници - од жал за минливоста. Тогаш учев како е да слушаш страсна поезија од Кејт Буш и бескрајно, безгрижно да фантазираш. Книгата е дел од мојот тогашен живот во кој се фрлав безрезервно и бестрашно како во пенливи џиновски бранови што носат на сите страни, а мене како на млад човек не ми беше гајле каде ќе ме остават. Ама не било така, за жал... Раѓање пена - ме инспирира од Венера, која не е едноставно самата љубов, туку и е примерок на убавината на животот, се она што е бесплатно, за кое се трудиме да го добиеме, но не умееме докрај да се науживаме.