Бесмртност
Автор: Радојка Трајанова
Година на издавање: 2004
Во стихозбирката “Бесмртност” авторката е опседната со верба во најдлабоките теми, како што се: вечноста, љубовта, животот, смртта, духовноста и длабоката вистина за постоењето на невидливото, вешто не воведува во светот на бесмртноста, за чие што постоење и полесно разбирање, како доказ, ни ги приложува цврстите емоции кои скоро никогаш не замираат во драмите на човековите таинства. “Бесмртност” е една фреска за незаборавот на нештата, насликана на неопипливото несвесно платно, представена како битка помеѓу застрашувачките појави и веселите мигови, како битка помеѓу случувањата и неможноста да се спречи нивното негативно влијание врз хармонијата на човекот.