Сонот на жолтата пеперуга
Автор: Аполон Гилевски
Година на издавање: 2007
На 470 страници, во брзо и динамично темпо, преку безброј ликови и приказни што извираат една од друга, со сочен израз и урнебесна духовитост, Гилевски ги опишува “американските” и “светските” авантури (со внатрешен поглед фрлен кон Македонија) на необичниот лик Горазд Кокаловски, кој, налик на некој современ Кандид, минува низ различни социо-културни микрокосмоси на Америка (САД) како низ сцени од некоја оперета или водвиљ: типично американско милје, македонско, балканско, црнечко, индијанско, јужноамериканско, италијанско, руско…, сликајќи ги со многу хумор, со доза на иронија, но и сочувство, а воедно пародирајќи ги и митовите што ги создала мас-медиумската субкултура. Роман што поевеќестрано и радикално го разглобува актуелниот светски и македонски миг на т.н. глобализација.