Крај тешките води
Автор: Љупчо Стојменски
Година на издавање: 1962
Со својата втора збирка Љупчо Стојменски на извесен начин го продолжува настојувањето за негување на еден вид интелектуална, задлабочена, ангажирана поезија. Во збиркава се поместени циклусот песни “Охрид” и поемата “Крај тешките води”. Карактеристично за овој автор е дека каков и мотив да е предмет на неговото внимание, тој настојува да го продлабочи, да го осмисли, да му ја открие скриената страна, да ѕирне зад привидната кора на надворешното.