Хајди
Автор: Јохана Шпири
Година на издавање: 1993
„Хајди" е лектира која прераскажува за малото мило девојче Хајди, чијашто тетка Дета по цели четири години грижејќи се за неа, решава да ја однесе на планината кај нејзиниот дедо, со изговор дека токму нему му дошол редот да се грижи за неа. Новиот дом за Хајди значеше нешто прекрасно. Таа многу ја сакаше природата, свежиот воздух и цвеќињата, па ова беше идеално место за неа. Освен тоа стекна и нов пријател - Петре со кого и често одеше да ги пасат козите на блиските пасишта. И само по неколку месеци кога Хајди беше сосема маѓепсана од планинските пејсажи, мислејќи дека засекогаш ќе остане во овој мал рај на земјата, нејзината тетка Дета, повторно мораше да додаде „зачин во манџата’’.