Под нулата
Автор: Снежана Стојчевска
Година на издавање: 2013
Времето во кое таа твори е обезличено, отуѓено, лишено од поетска естетика. Ретки се перата како нејзиното што му даваат лик и душа на сивиот град, што им даваат топлина и боја на тмурните лица, што вдахнуваат живот во поезијата. Во време на кич, турбофолк култура и минливи страсти, таа успева да го одржи пулсот на романтичарите, да ја стави поезијата во контекст на животот.