Мисловник
Автор: Зоран Михајлов
Година на издавање: 2006
Имајќи го сопственото искуство со книгава на господин Зоран Михајлов, би рекол: “Мисловник” е збирка од искази што нè наведуваат на размислување. Како таква, ова е мошне особена книга. Со оглед на тоа што секој од нас е различно даруван од Бога со способноста плодоносно да размислува и да доаѓа до заклучоци. “Мисловник”-ов на г.Михајлов, колку и да изгледа чудно, би рекол, и не е просто една книга, туку творба што содржи онолку книги колку што ќе има читатели: секој ќе ја чита свртен кон себе, кон проблемите што него го тиштат и – ќе ја чита сосема поинаку од некој друг!