Далечни проблесоци
Автор: Бистрица Миркуловска
Година на издавање: 2010
... Разумот вели: - З А Б О Р А В И ! Ама како да заборавам? Тоа е дел од животот, одвај зачекорен од детството. Како да заборавам?! Ако заборавиш ќе создадеш празно место во сопствениот живот. Тоа би било како во тоа време, во тој простор да не си постоел... Ама тоа може да се случи само во некои сказни – како онаа за Трнорушка – да З А С П И Е Ш, да преспиеш, па да се разбудиш во една сонувана убавина... ама животот не е сказна... /Од расказот ”ИНТЕРПРЕТАЦИЈА”/