Опишувач
Автор: Ермис Лафазановски
Година на издавање: 2001
Романот "Опишувач" целосно ги потврдува најавените стојности во претходните три книги на овој автор. И не само што ги потврдува, туку и го проширува веќе усвоениот простор во современата македонска литература. Писателот кај Лафазановски не е пишувач, туку е опишувач. Пишувачот обично е измислувач, преправач на вистината, на реалноста, додека опишувачот е како фотографски апарат-покажува и изнесува она што е пред објективот, односно она што е пред очите на опишувачот - чистата вистина, вистинската реалност... "Опишувач е дело со свежина, модерен пристап, јасната мисла во потрагата по многуслојните облици на вистината", се вели во образложението на жирито.