Татко и отец
Автор: Трајче Кацаров
Година на издавање: 2011
Сè на сè, Кацаров ни нуди силен, топол, емотивно згуснат, стилски хомоген, постмодерно атрактивен ракопис со едноставна и силна реченица (таа реченица потсетува, според својата “одглумена” едноставност на Кортасар или Вонегат). Тоа е роман што се чита во еден здив и за кој читателот навистина жали што пред да се судри со ѕидот на задната корица, од каде читателот излегува од книгата на својата кутра читателска слобода, нема барем уште некоја страница што ќе му ги зароби уште малку жедните очи. Венко Андоновски