Ксантика
Автор: Васе Робев
Година на издавање: 2012
Романот "Ксантика" е вистинска сага за животот на обесправените Македонци на територијата на Грција во првите години по големата поделба на нејзината територија по Балканските војни меѓу соседните земји Грција, Србија и Бугарија. Главниот јунак во приказната, воениот ветеран Вангел, се враќа во своето родно село Ајтос како воен инвалид и дознава дека неговата ветеница Јана се омажила за некој си богат соселанец кој веднаш по венчавката ја однел во Канада. Вангел во меѓувреме си наоѓа нова љубов, и си оформува семејство, но Јана станува плен на големиот измамник Лефтер кој од неа прави проститутка. По шест години Јана успева да го напушти Лефтер и да се врати во Македонија. За своите недела Лефтер е протеран од Канада и интерниран во Грција, но тој тука барајќи ја Јана формира андартска банда и го тероризира мирното население. Јана е свесна за опасноста од Лефтер и решава да му се спротистави. За таа цел таа го менува својот идентитет и под името Ксанти поминува посебен тренинг во Турција. За кратко време покорната и нежна Јана се претвора во вешта и немилосрдна Ксанти.