Доживотна јамка
Автор: Драгица Најческа
Година на издавање: 2004
Романот ДОЖИВОТНА ЈАМКА од Драгица Најческа обратува тематика од повоените години, времето на силни општенствени превирања и нивното рефлектирање на личните животни приказни. ДОЖИВОТНА ЈАМКА е драматичен и жесток пресек на последиците од едно време во кое индивидуата е најжестоко изложена на ригидните одлуки и постапки на власта, време чија сенка засекогаш ќе остане да предупредува дека силниот општенствен интерес никогаш не смее да ја жртвува единката, зашто со тоа трајно се подјадува самиот себеси. Во тој однос, романот плени со смислата за актуелност и универзалност во идејата, и покрај тоа што тематски е врзан за конкретно време. Треба да се потенцира и тоа дека Драгица Најческа токму со овој роман започнува една нова естетика, користеќи комбинирана форма на движење на дејството: раскажувачка и монолошка, која ја дели перцепција на две нивоа: објективно и субјективно, едното кое ги следи случувањата, а другото кое е одраз на најскриените мисли на главните ликови во романот.