Медовина
Автор: Богомил Ѓузел
Година на издавање: 1962
Стихот во првата збирка на Б. Ѓузел главно е инспириран од историјата, митологијата, легендите. Постои во експериментот на авторот видлив обид за ослободување од каноните на версификацијата и од поетските конвенции на минатото, една усилба за оригиналност. Меѓу подобрите песни од збиркава, фрагментарно или целосно, вниманието на читателот го привлекуваат: малата поема “Наречници, вам за речта”, “Песна за киклопите”, (особено второто и третото пеење), “Караѓузел”, “Реквием за старата година” и др.