Крик и душа
Автор: Виолета Клинчарова
Година на издавање: 2009
За “Крик и душа” секогаш велам дека е споменик од илјада зборови. Едноставно, морав да ја напишам. Составена е од триесет песни кои што читани една по друга создаваат една цела приказна, почнувајќи од нашето сознание за лошата судбина, потрагата по спас, борбата со тешката болест која што за жал мојата мајка не успеа да ја победи. Иако со голем напор, сепак собрав сили и ги опишав и последните моменти од животот на мајка ми, но и она што следуваше потоа, празнината и тагата, животот без неа... Целта да ги опишам оние моменти за кои што кај нас сеуште не е практика јавно да се проговори, ми беше да се пренесе пораката, да се бара спас на време, да се оди на редовни прегледи, затоа што сепак, болеста не ги афектира само заболените, туку и нивните семејства, деца, родители, внучиња... Сите заедно мора да се борат - изјави Клинчарова.