Растумбана дивина
Автор: Ристо Давчевски
Година на издавање: 2000
На телевизија еден волк издрпан јави: “Чуму ти е животот ако нема слави на кои ќе пируваат волците со брави, ако никој не смее што сака да прави, ако никој не смее никого да дави, ако на кражбата точка и се стави!? Го нема ли тоа, водите не се ли сматија, нема демократија!”