Знаеш ли да љубиш
Автор: Ивана Иванова Канго
Година на издавање: 2013
“Знаеш ли да љубиш!?...” е роман, во кој писателката нескриено се претставува како главен лик, со споредна раскажувачка улога. Специфично дејствие, кое наметнува широко поле за размислување. Една млада девојка во преминот на вистинскиот свет на жената, решава да излезе од зоната на комфорот и да тргне во авантура. Ризикува да создаде нов живот со новата љубов, во друг град. Наидува на сосема неочекувани ликови, од кои ни случајно не може да превдивиди што ќе ја снајде. Реалноста излегува, малку поразлична, од нејзината замисла за идеалната љубовна приказна. Таа, на патот научува да се носи со чекорот на судбината, да извлече некоја поука и да остане своја. Се останато, во целината создава слика за хаотичен неред, но само ако случките ги набљудуваме поединечно. На крај, поентата е сосема воочлива.