Читај ми ги мислите
Автор: Ивана Иванова Канго
Година на издавање: 2012
“Читај ми ги мислите” е сериска интроспекција и супер-модерна храбра исповест на една млада личност. Напишана во експериментално-филозофска и психоаналитичка форма, лесно допира до душевната магнетосвера. Токму во тие скриени и таинствени делови на дваесет и кусургодишната девојка, откривме знаци на харизматична бунтовност, ентузијазам за откровение во постепеното зреење и градење на сопствената оригиналност. Тоа е шармантна приказна за првата горчлива меланхолија на љубовта, искрена носталгично-поетична тага за неостварените желби. Оваа млада речовита писателка фантастично ги спојува фантазијата со реалноста, ги плете во една нишка на својот свет и таму полесно ги преживува своите грешки и стравот на општествените и социјалните замки. Воедно, секој што ќе го прочита, таму некаде ќе се пронајде, макар во дел од секунда ќе почуствува пријатни совети, како полесно да се носи со своите страдања и копнежи. Таа ќе направи светот да го видиме во едно позабавно и хумуристично пакување, а притоа провокативно ќе не натера да веруваме во своите вредности без разлика како на тоа гледаат другите.