Големата удолница
Автор: Петре Наковски
Година на издавање: 2014
Петре Наковски со своето дело Големата удолница, на неповторлив начин, со високо чуство за хармонизирање на историската трагика и реалната животна агонија на македонските беломорци, ја романизира голготата и годините на саможртвување во името на слободата, националното и индивидуалното достоинство. Овој, бездруго најуспешен роман на Наковски, изобилува со сцени и хроники на суровост, насилство, безочност, понижувања и прадавства....со импресивни ликови и драматични собитија. Овој роман, исто така, е респективна авторска реплика на историското касапење во 1948 и 1949 година, морален бунт против “стапицата” која прокомунистичките грчки генерали и тогашните комунистички семји им ја наместија на македонските егејски испосници по својата мечтаена татковина, по својот олтар на автокефалноста...