Последниот балкански вампир
Автор: Дејан Дуковски
Година на издавање: 1989
Комедија на карактери во која се вешто воочени и искористени слепите места на нашиот менталитет и битно драмски допрени редица наши акутни и запретани табуи. Тука наизменично се мешаат ритуалот и политиката, психологијата и идеологијата, Кафка и Нушиќ. Гротескниот лик на Курта е мала студија на типичен овдешен сатрап. Балканот се потврдува како неисцрпна тема за комедија. Во овој текст Дејан Дуковски сериозно се фаќа во костец со таа тема и најавува нејзино натамошно успешно користење.