Сонот на коалата
Автор: Ристо Лазаров
Година на издавање: 2009
Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака Како што одамна беа рекле Предците на новодојденците од Македонија Еден народ троа брлив троа чуден Таму некаде од некакви балкони или балкани Којшто уште од древни времиња Ги слави само поразите И севизден прераскажува свежи соништа Свежи самоклеветења и самобербатења Расклокотени како тазе варено капучино