Патот на јагулите
Автор: Луан Старова
Година на издавање: 2000
Авторот на Патот на јагулите со својот егзилски живот има со што да стане мајстор на фикцијата и раскажувањето. И во овој роман татковата библиотека се појавува како лик. Таткото, отсекогаш ја носи својата подвижна библиотека, дури уште од цариградски студии. Кога Албанија ќе се најде под ударот на фашизмот, виа Италија, Таткото и семејството ќе најдат засолниште во Македонија, на другиот брег на Охридското Езеро. И ова Езеро се потврдува како лик не помалку впечатлив од библиотеката. Низ Езерото минуваат јагули на далечен пат низ малите и големи реки кои завршуваат во далечните мориња. Таткото, внесен во своите книги трага по семејниот пат следејќи ги јагулите, кога шепата на тоталитаризмот ќе ги покрие едновремено Албанија и Македонија... И во овој автобиографски роман, Луан Старова го продолжува градењето на балканската сага, која е веќе дел од големите европски романи. Не мора да се читаат ни другите томови, ниту во радослед, за да се откријат посебните вредности на романот Патот на јагулите...