Ервехе
Автор: Луан Старова
Година на издавање: 2006
”Ервехе” доследно ја поддржува балканската сага за семејните корени. Низ една модерна, наративна постапка, авторот прв пат во своето творештво го издигнува ликот на мајката до рамништето на впечатлив симбол што го држи семејното ткиво цврсто и нераскинливо. Оваа читлива приказна, напишана на убав македонски јазик, со креативен и емотивен набој, кој то дијахрониски навлегува во вилаетите на времето, сигурно ќе се вклопи во ризницата на македонската книжевност.