Портокалова
Автор: Оливера Доцевска
Година на издавање: 2013
... Еј ,Ти, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат, и никој нема да ми помогне, за спас, да ги скријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ма, јас те сакам до небо, онака едноставно, детски просто, кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане за нас. Со искрени зборови, за кои ти велиш доста... додека јас сакам до Небото...