Елена
Автор: Србо Ивановски
Година на издавање: 2005
Поемата "Елена" претставува добро структуиран текст кој воспоставува хармонија меѓу поетските, епските и драмските елементи на исказот. Во текстот на оваа поема е избалансирана ученоста, алузиите и цитатите од туѓи текстови со автентичноста на авторскиот текс, а особено импресионираат знаењето, умеењето и имагинацијата на авторот, спојот на архаичната и современата македонска лексика што покажува висок степен на упатеност во устројувањето на верификацискиот материјал.