Братот
Автор: Димитар Башевски
Година на издавање: 2007
Главниот јунак во овој роман, високо поставен во власта, ја користи својата моќ за да се изгради брана, со образложение дека е тоа потребно за напредокот на земјата. Вистинските мотиви пак за изградбата се само негови, лични и скриени. Езерото го покрива неговото родно место, а заедно со него, се надева тој, ќе го покрие и она заради што се зазема да се изгради браната. Неговите постапки и одлуки, производ на темни мотиви, кои едно лето водата ќе ги извади на видело, го предизвикуваат дејството во романот, психолошката и морална лавина, сред која ќе се најдат, по неговата смрт, неговата жена и неговиот брат во единствената куќа која останала над езерото. Така, романот Братот израснува во еден возбудлив, психолошки длабок и морално комплексен роман.