Бојан
Автор: Глигор Поповски
Година на издавање: 1973
Во романот “Бојан” од Глигор Поповски, момчето Бојан заминува на зимски распуст кај својот дедо во планина, но по игра на случајот останува сам, изолиран во планината, каде што единствени другари му се стадото и верните кучиња. Таму, Бојан “поминува низ многу искушенија што во секој миг му се закануваат од белите широчини на планината, од тоа ”за очи чудесно убаво бело зло”. Во оваа хумана книга, Глигор Поповски, всушност преку чистата, едноставна душа на Бојан ги опишува добрината и справедливоста и го истакнува нивното место во животот на луѓето.