Записки
Автор: Милчо Мисоски
Година на издавање: 2013
„Записки“ почнува со библиски засведочениот прапочеток, односно со моментот на создавањето на светот, за да продолжи да се развива и да се доразвие во неозначено време и простор, со поетска мисла во која проблеснува мудроста на вековите низ една филозофско-психолошка призма. Во потрагата по животните одгатки поетот пронаоѓа изненадувачки одговори во кои имаме неколку низи на поими со сродно, приближно еднакво значење. Една од нив е живот – доблест – љубов... Оваа поезија има моќ да оди по заборавени или нови патеки, но не и по баналните, таа дозволува да се соочи со читателот, ама не и да биде лита и неизворна.