Клучарчиња
Автор: Бистрица Миркуловска
Година на издавање: 1992
Кога и другиот ден Љупчо не дојде на училиште, се вознемиривме. На големиот одмор се распрашувавме за него, но никој ништо не знаеше да ни рече. Затоа одвај дочекавме да заврши петтиот час и да одиме да го побараме. Четворицата трчавме накај куќата на Љупчо. Зазбивтани втасавме пред дворната врата. Се стаписавме. Пред гаражата СТОЈАДИН со смачкана лева предница и скршено предно стакло.