Жената на белогардеецот
Автор: Србо Ивановски
Година на издавање: 2001
Романот ја презентира проблематиката на руската постоктомвриска емиграција во Македонија. Тој претставува семејна приказна (во голема доза биографски обоена), поврзана со доселувањето на група белогардејци во македонскиот град Штип, во почетокот на дваесеттиот век. Љубовта и бракот меѓу Македонката Васка и Козакот Семјон Иванович е јазолот преку кој уметнички се толкуваат прашањата за судирот на менталитети и култури, за вдомувањето, односно невдоменоста, за носталгијата, за трагиката на емигрантскиот статус...