Робии
Автор: Венко Марковски
Година на издавање: 1942
Заробен во концентрационот логор Ени-Ќој во текот на 1942 година, младиот поет Венко Марковски го пишува македонскиот еп „Робии“. Задоен со идеите на комунизмот, со идеите за рамноправност на сите балкански народи, како и со надежта за конечното ослободување на Македонија од сите ропства, тој го ткае епот во осмерец, во духот на народната македонска епска песна.