Билјана
Автор: Глигор Поповски
Година на издавање: 1972
Во расказите “Билјана” од Глигор Поповски се случуваат настани кои ви се случуваат и вам деца, и на вашите родители. Но писателот ги опишува на толку интересен начин, што ако ја земете в рака оваа книга, и ако се внесете во испишаните редови, ќе почуствувате колку се добри луѓето околу вас, и колку сте добри вие. Ќе научите да се загледувате во облаците и во нив да гледате ликови, животни… Ќе сфатите дека постои еден убав свет, кој не е сместен во вашите компјутери, напротив, тој свет е насекаде околу вас, и можете да го допрете, мириснете, да го слушнете и да го здогледате на свој начин. Кусите раскази ќе ви ја измамат насмевката на вашето лице, навечер, кога мислите дека заради нешто сте тажни. Направете нешто убаво за себе, прочитајте си ја оваа книга!