Чкртки
Автор: Румена Бужаровска
Година на издавање: 2007
Секоја 'чкртка' е етида за предизвиците на секојдневниот живот, особено за оние, како што вели и поднасловот, поврзани со срамот, стравот и неудобноста – теми за кои вообичаено ниту се зборува, ниту се пишува. Детскиот страв од отфрлање и насилство, срамот од сопствената телесна несовршеност, мачнината која ја следи секоја изнасилена љубезност, зазорот да не се испадне одбивен или смешен пред блиските... ситуации во кои сите сме се нашле, но за кои или не сме можеле, или не сме сакале да раскажуваме. Затоа, Румена го прави тоа за нас. Со ураганчиња, графитни прашини и големи и чисти букви.