Омраза - длабоко
Автор: Драгица Најческа
Година на издавање: 1998
Романот „Омраза-длабоко“, кој Драгица Најческа го издаде во 1988 година, пред сѐ е психолошки роман. Иако корените на трагичните судбини на членовите на семејството за кое се пишува во романот се во Втората светска војна, во него најмалку се зборува за тој период на злосторства и човечки страдања. Појдовниот момент е национализмот, изроден во нацизам, кој многу години потоа, дури и децении, не само што не исчезнал, туку како некоја невидлива подземна притаена сила, уште поточно како потсвесна нишка, се пренесува и на генерациите израснати по војната, па и на овие денешните. Господар на сите судбини на ликовите во романот е националистичкото. Љубовта на двајца млади, поколение на спротивставени учесници во војната, попушта пред неизбришливите траги од психолошките трауми на нивните родители. И кај нив изнудува заземање страна. Војната продолжува во умовите.