Доста ми беше коцкање
Автор: К.В.В.СТРАТЕН
Година на издавање: 2024
Оваа книга дава алатки и техники за да се справите со вашите пориви за коцкање и да создадете подобра животна ситуација. Напишана е со намера да ви помогне да си ја вратите контролата и моќта врз коцкањето и да живеете онаков живот каков што навистина сакате. Напишана е од моето сопствено искуство со зависноста од коцкање и од моето сопствено опсежно истражување на проблемот и решенијата за него. Првенствено е наменета за оние што ќе се најдат во ситуација во која нивната навика за коцкање изгледа неконтролирана, па дури и деструктивна. Ако коцкањето предизвикало значителни проблеми во вашиот живот, како што се долгови, проблеми во односите, проблеми на работа, во студирањето или во вашиот бизнис, емоционални проблеми, зачестено лажење или потреба од прикривање на своите постапки, повлекување во себе, занемарување на вашите цели во животот или други проблеми, можеби е време повторно да стекнете моќ врз оваа навика. Особено ако и покрај проблемите што ги предизвикало сè уште не можете да се откажете од коцкањето ниту да го контролирате. Овој материјал е напишан и помага за сите видови проблеми со коцкањето, како што се спортското обложување, казината, берзите, покер и друго. И на интернет и надвор од интернет. Оваа книга му дава предност на пристапот на целосно решавање на вашиот проблем со коцкањето. Да престанете да се коцкате еднаш засекогаш. Поради сите оние причини што се опишани во оваа книга. Но, исто така, можете да стекнете многу корист од овој материја ако сакате да се здобиете со поголема контрола врз вашето коцкање. Книгата е напишана за да ви помогне да ја разберете својата зависност, за да ги научите лекциите од неа и засекогаш да се оправите. Да преминете од стравот дека ќе бидете откриени, од очајот и немирот, на чувство на сигурност, контрола и смиреност што нуди закрепнувањето. И на крајот до олеснување, возбуда и среќа поради еден сосема нов живот.