Какви се шансите
Автор: Барбара Блечли
Година на издавање: 2024
Во оваа книга се зборува за среќата. Сите знаеме што значи среќата за секој од нас лично, но како што велат - „што е таванот за еден, за друг е под“ – што значи најверојатно зависи од личната перспектива. Односно, она што среќата значи за вас, можеби му значи нешто сосема друго на оној веднаш до вас. Среќните настани се случајни; се случуваат инцидентно, сеедно дали ние сме подготвени или обучени за нив или не, сеедно дали сакаме да се случат или не. Од научна гледна точка, случајноста, буквално, не може да се предвиди. Луѓето имаат многу поинакви замисли за тоа како би требало да изгледа нешто што е случајно: најчесто го анализираме исходот, а не процесот. Присилени сме да прибегнуваме кон нашата имагинација зашто нашите сетилни системи се изградени така што максимално го земаат предвид значајното и суштинското во светот и го игнорираат она што е ирелевантно.