Како да привлечете среќа
Автор: A.Х.З КАР
Година на издавање: 2024
Среќата не е случајност – таа може да се култивира, да се развива. Оваа книга дава совети и размислувања како да се привлечат „случајни“ можности и како да се избегне „лошата среќа“, на начини кои драматично ќе го подобрат вашиот живот. Според авторот, разликата помеѓу „шансата“ и „среќата“ лежи во нашиот ментален став. Тој на читателите им нуди совети како да го развијат својот карактер и да го прилагодат својот ментален став за да ги препознаат можностите за среќа и успех кои се достапни за сите нас, но кои најчесто ги пропуштаме несвесно.