Хипокризија
Автор: Наташа Наумоска
Година на издавање: 2022
Духовната поезија на Наташа Наумоска е непосредна и концизна. Секој стих е едноставна, јасна и недвосмислена претстава на нејзиното духовно доживување. Таа на нежен, лиричен и сликовит начин ни ги открива тајните кои и самата ги открила во својот пат во себе, а со тоа и во Бога. Во песните јасно се забележува човекот во нас и, уште повеќе човекот во неговиот пат кон обожувањето: падовите и издигнувањата, радоста и тагата, но најмногу љубовта.