Од А до Ш
Автор: Мишо Ристовски
Година на издавање: 2020
Личната желба за една дамнешнина да ја преплетам со сегашноста налик творба, произлезе од секојдневното сквернавење на јазикот. Чунки заборавивме на словата, оние старите милозвучни. Велат јазикот е жива материја. Секоја декада згаснуваат едни слова, за да се’ родат други ,,зборови’’. Но дали знаеме како звучат оние старите, кои сме ги слушале од предците сетне заборавиле. Сплотени заедно во поема или проза, можат да создадат умешно уметничко дело. По тон, вид и значење. Токму затоа решив да си поиграм и да ги донесам поблиску до вас, преку триесет и една кратка поема исти по букви налик реденици.