Кругот на животот
Автор: Јован Илиески
Година на издавање: 2019
Кога се е добро и тече како што треба, не очекуваш да се разочараш од ништо. Но, што кога се ќе се испреврти и животот ќе те земе во канџите на неговата темна страна, што тогаш? Дали ќе бидеш онаму каде што сакаш или онаму каде што треба да бидеш? Прашање на судбината. „Кругот на животот“ е роман, чија филозофија е животниот циклус низ кој поминува секое живо битие на овој свет. Но, оваа книга не е само за животниот циклус во врска со анатомијата и организмот на човечкото тело. Во оваа книга се крие многу повеќе од тоа. Се крие животната приказна на едно повеќечлено семејство, за кое не се зборува во множина. Тука станува збор за секој одделен член кој ќе ви претставува оксиморон при секое читање, а на крајот ќе се испреплетат нивните животни патишта. Секој одделен член е приказна за себе и различно доживување за животот. Овој роман ја преточува смислата на животот во смислата на љубовта. Затоа на крајот се се сведува на она што сите ние сме само луѓе, пијани поради помислата дека љубовта, само љубовта може да ја излечи нашата болка. Овој роман ќе ве научи дека се е во надежта. Некогаш, завршува добро, а некогаш, создава бескрајна мизерија без дно, во која ние самите упорно се давиме. Роман со кој заедно ќе плачете и ќе се радувате во тишина. Роман со тага, болка во тишина, немерлива среќа и неограничена љубов која ќе ве остави без зборови. Роман со среќен почеток, а непредвидлив крај. Веројатно крај, каков што никој не очекува.