Растурената азбука
Автор: Вера Благојевиќ
Година на издавање: 2018
Оваа книга, има за цел на децата да им пружи попристапна можност на систематскиот увод во доста реалната проблематика во почетното читање и пишување.Со поетската сликовница, со голема заинтересираност децата полесно ќе ја совладаат вештината на читање, лесно ќе го разберат она што ќе го прочитаат со што ќе го збогатат својот речник, ќе стекнат работни навики, ќе ја развиваат смислата за убавото и ќе ги поттикнуваат своите интелектуални и психолошки способности. Со оглед на тоа дека читањето е визуелна активност каде детето, одредени графички знакови најпрво успорено, а подоцна побрзо ги слева во една целина, ќе придонесе оваа поетска сликовница да им користи на децата полесно да влезат во светот кој ќе ги одведе до најлесното усвојување на знаковите од кои ќе создаваат зборови и реченици.