Неспокој
Автор: Родна Јанчева
Година на издавање: 2018
„Неспокој“ е социјален роман во која содржина се вградени доверливи искажувања. Опишана е љубовта како најдлабоко човеково чувство кое ако е вистинско и искрено ќе помине низ многу искушенија, ама никогаш нема да те напушти. Дадено е едно ново видување на моралната и социјалната ерозија како стварност на нашето време. Ликовите во романот доживуваат тешка траума која станува нивна сопствена судбина. Јасмина е носечка фигура која доживува сериозни премрежиња на духовно исцрпување. Малата Зехра се соочува со многу голем терет чувствувајќи се изгубено и отфрлрно додека трага по нејзината мајка, но и многу паметна во нејзините логични размислувања, кои ќе му помогнат на Марко да разоткрие синџир на трговија со деца.