Прошетка низ азбуката
Автор: Група автори
Година на издавање: 2018
Зборникот од македонска детска поезија насловен како „ПРОШЕТКА НИЗ АЗБУКАТА“ буква по буква читетелот од буквата А го води – најпосле до буквата Ш. И се така, песна по песна се редат по азбучен ред. Тука е песната за Ана која сакала да лета со авион, па песната Биле која сакала да биде балерина и да игра со Боби, па Волчко кој во зима е многу гладен и страшен, па песната Грозје во која се препорачува пред да се јаде грозјето треба да се мие, зашто можеби е полазано од мравки, гуштери и змии. Во песната Даре се пее за радоста од подареното јаре, во Ѓерданче за Ѓурѓица и симпатијата Ѓоре, Во Еленица ни е прикажана дарбата за цртање, во Желба се редат стотици желби кои си ги посакуваат децата, во Зајаче е опишана убавата играчка зајаче и многу други, а во Ѕвонко е изразена дарбата за цртање. А Ива, таа сака многу гости, а пак за Јаболкото што да се каже, освен дека е многу слатко и дека го има во дедовиот двор, Облека - е, кој не сака нешто ново и тоа ако е купено од дедо, Летало како летало, Љубен и љубичица – убавина, Морковче – вкусно, превкусно. А на Сон, колку е убаво да патуваш, за буквата Њ што да се каже, освен дека е направена од буквата Н со додадено мало меше. А колку убава глетка кога Овчарче свири со кавал, а до него кучето – чувар на овците. Описот Пролет е прекрасен исто како и самото годишно време, а Рис – тоа е страшна ѕверка, а Снешко, онака накитен со морковче, капа и метла – убавина. Па следува Теле од тетин Веле, па Ќупче со пари, ох, кој не сака, Утка, па Фудбал и фудбалерот Филип, подарокот од татко Хармоника, па црешата во дворот и како тетка Цвета подарува цреши. Чедо, Чудо од дете, ами убавиот Џем, посладок и од еурокрем, па топлото Шалче што ми го купи мама. И толку. Вкупно 31 песна. Оналку колку што букви има македонската азбука. Прекрасно. Песни преку кои малите деца веднаш ќе ја научат македонската азбука. А, за тоа се потрудиле поетесите Вера М Самарјанин, Марија Џоџа Симон и Лила Арсова. Е па деца вам ништо не ви преостанува, освен да ја земете книшката и да започнете „да летате“ од песна до песна и да стигнете до крајот на азбуката.