Скомраз
Автор: Паскал Гилевски
Година на издавање: 1997
Романот “Скомраз” претставува потресна белетристичка фреска за времето на Метаксасовата диктатура во триесеттите години, време на црн терор за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Во тоа мрачно раздобје се одигрува возбудливата одисеја на главниот херој Ангел, по потекло од Костурскиот крај. Неговите трауми и необични доживувања прилегаат на приказни од Илјада и една ноќ. Од планинското село судбината го води до прекрасните сараи во Цариград, каде што доживува голема љубов со убава Гркинка од старо фанариотско семејство. “Скомраз” е роман со впечатливи прозни кажувања, напишан е со раскошен јазик прифатлив за широк круг читатели. Во ова дело како на филмско платно се одигруваат среќни и трагични моменти, придонесувајќи дејствието да има динамичен тек. Незаборавни се љубовните сцени и импресивни се описите на природните убавини.