Раскази
Автор: Симон Дракул
Година на издавање: 1956
Во своите раскази тој гради специфично психолошко и социјално ниво. Во порастот на едноставната фабула ја оживува драмата на јунаците и илустративно го воведува животот на село. Неговото раскажување не се затвора; тоа во себе ги држи и ги актуелизира дополнителните моменти: миграција, печалбарството, нарушувањето на зачмаениот морален кодекс.