Зора зад аголот
Автор: Димитар Солев
Година на издавање: 1984
Овој роман е современа хроника за градот Скопје во втората половина на XX век. Местото околу кое се развива сижејното дејство е кафеаната „Зора“, сместена во населбата Дебар Маало. „Зора“ е местото каде се евоцираат спомените за повоено Скопје. Следејќи ја судбината на кафеаната од нејзиното отворање до нејзиното рушење, раскажувачот ги следи судбините на мноштвото ликови кои дефилираат таму. Во богатата галерија на ликови среќаваме сликари, келнери, молери, студенти, професори, пропаднати поети, итн.