Пред смртта
Автор: Јован Парлапанов
Година на издавање: 2013
Во настојувањето да ја заокружи приказната за борбата за егзистенција, национална и социјална слобода на Македонците од Егејска Македонија, Јован Парлапанов ни предочува слика на нечовечко прогонство на Македонците и други напредни луѓе во Грција, кои се стремеа да зачекорат во иднината овенчани со човечко достоинство. Со прецизна хронологија изразена со сочен јазик и препознатлив стил, со документарно градиво, не воведува во се што се случувало на тлото на Егејска Македонија, оставајќи ни можност низ настаните, судбините и личностите да ја нављудуваме генезата на злото кое прераснува во геноцид каков не се памети на овие Балкански простори. Ненаметливо се одвива приказана пострашна од пеколот, онаков каков можел да го замисли само човекот... Роман, исполнет со сите политички превирања во грција, од и за време, и по војната. Негов основен белег е антивоената порака, искоренување на страотиите предизвикани од човековата неразумност и алчност и единствен заклучок: ниеден народ да не ја доживее трагедијата на македонците од Егејска Македонија, без оглед на кои географски простори и да се наоѓа...